Продолжува судењето за биснисменот Сеад Кочан за тендери во ЕЛЕМ

by fokus 08:28
08:28

Ново рочиштето денеска треба да се одржи и за случајот „Труст”, во кој обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет”, „Силекс” и „Вато” ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ.

Според обвинителите на СЈО, обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет”, „Силекс неметали” и „Вато” злоупотребиле приближно 1.060.000.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Според доказите, обвинителите од СЈО ќе докажат дека со куп невистинити документи, се погазени принципите на здравата конкуренција и се изиграни правилата на јавните набавки.

- Advertisements -

Поврзани новости