Ново пукање во Белград, две лица ранети, напаѓачот во бегство

by fokus

Две лица се ранети во престрелката што се случи вечерва во белградската населба Врачар. Престрелката се случила на аголот од улиците Максим Горки и Цар Николај.

– Застрелани двајца мажи, се сомнева дека се работи за истиот инцидент, двајцата се пренесени во Ургентниот центар, а истрагата е во тек, потврдија за „Блиц“ од Министерството за внатрешни работи.

Во Ургентниот центар било констатирано дека му било пукано во пределот на ногата. Во исто време, во блиската улица Новопазарска, полицијата пронашла уште еден ранет маж. И тој бил однесен во болница со рана на грбот.

Полицијата трага по напаѓачот и започната е акцијата „Вихор“.

Поврзани новости