Тренчевска: Платите не си ги зголемивме сами, тоа го направи Уставниот суд

by fokus

Министерката за труд и социјална работа, Јованка Тренчевска во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека на последната седница на Економскиот совет „се зборувало платите на функционерите да се намалат“. Но, додава таа, требало да биде јасно дека платите на функционерите не си ги зголемија самите тие, туку тоа го сторил Уставниот суд.

-Одлуките на Уставен суд мора да се почитуваат. Досега зедовме една зголемена плата. Ќе најдеме решение за оваа ситуација и тоа ќе биде решение за сите работници вклучително и функционерите, а тоа ќе биде системско решение, вели министерката Тренчевска.

Таа додаде дека власта е расположена да разговара и преговара со работниците за зголемување на платите.

Поврзани новости