Еден од ранетите во Белград е Македонец, пишуваат српските медиуми

by fokus

Две млади момчиња се ранети во престрелка што се случила вечерва околу 19:40 часот во Белград во населбата Врачар.

Како што дознава српски Телеграф, во престрелката биле ранети А.П.(26) кој веќе и е познат на полицијата поради бројни кривични дела и Д.Л.(21), државјанин на Македонија.

А.П во своето досие има 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништво, како и актуелна потерница за издржување затворска казна.

Поврзани новости