935
Официјални лица во Онтарио денес објавија дека во оваа канадска провинција се потврдени два случаи на новиот вид на коронавирус, откриен во Велика Британија, пренесува Ројтерс.
Новиот вид на коронавирус е потврден кај пар во јужниот дел на Онтарио без историја на патувања, изложеност на вирусот и ризични контакти.
Случаите со новиот вид се потврдија откако карантинските мерки стапија на сила денес во Онтарио.