Пет членки на ЕУ почнаа со вакцинација ден порано од договореното

by Фокус

И покрај најавите дека имунизацијата против Ковид-19 ќе почне денеска во исто време во сите земји-членки на Европска Унија, сепак, Унгарија, Германија, Словачка, Франција и Шпанија не се придржуваа до договореното и вчера по пристигнувањето на вакцините беа дадени првите дози.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека синхронизираниот почеток на имунизација на населението е „емотивен момент на единство и европски успех“.

Лајен нагласи дека ЕУ набавила доволно вакцини за 450 милиони свои граѓани и оти, како што истакна, тие се ставени на располагање на сите земји-членки.

Поврзани новости