Новиот министер за образование ја презема функцијата

by Фокус

Пиштар Лутфиу, новоименуваниот министер за образование и наука, денеска и официјално ја презема функцијата од досегашниот министер, Абдулаќим Адеми.

-Ќе продолжиме да ја имплементираме програмата на Владата во областа на образованието и науката. Тоа што е зацртано е амбициозна програма, бара многу напори, финансиски средства и соработка. Се надевам дека како и со досегашната динамика со која работевме како Влада ќе продолжиме и понатаму, рече Латфиу.

Тој е  роден 1986 година во Скопје. Работел во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор (2013), а бил генерален секретар и на Институтот за политички и меѓународни студии. Магистрирал во 2012 година на Штуловиот универзитет во областа на политичките науки.

 

Поврзани новости