Дениелсон: Останува уште многу работа за веродостојни избори

by Фокус

Одложувањето на изборите овозможи дополнително време за да се постигне напредок, но сепак останува уште многу работа да се заврши за веродостоен изборен процес, изјави генералниот директор на Директоратот за проширување на ЕК Кристијан Даниелсон на денешната прес конференција во Скопје по средбите со лидерите на четирите партии потписнички на Пржинскиот договор, како и со премиерот Емил Димитриев.

– Сите партии и државни институции да работат заедно, со цел да се обезбедат веродостојни избори и да учествуваат во изборниот процес. Веродостоен и добар изборен процес е клучен елемент за да се вратите на патот на евроатлантскиот пат. Ги охрабрувам сите чинители и државни институции да ја поддржат работата на ДИК во прочистувањето на Избирачкиот список. Тоа ќе придонесе за враќањето на довербата на граѓаните во овој процес – рече Даниелсон.

Поврзани новости