450
Премиерот на Исланд, Сигмундур Дејвид Гунлаугсон, денеска по масовните протести на граѓаните, си поднесе оставка. Граѓаните бараа оставка од премиерот откако во јавноста излегоа документи за оф-шор бизнисте од Панама.
Гунлаугсон се обидуваше да остане на функцијата барајќи од претседателот на земјата да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори, но откако идејата беше отфрлена од исландскиот претседател, Гунлаугсон реши да се повлече од премиерската функција.
Тој сега останува на лидер на Прогресивната партија во Исланд, а на местото на премиер доаѓа Сигурдур Инги Јохансон, досегашен министер за земјоделство и рибарство.