Бошкоски ќе го поддржи Мицковски ако тој каже дека Груевски е „банда криминална“

by fokus

Љубе Бошкоски најави дека ќе го поддржи новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, доколку тој се дистанцира од политиките на Никола Груевск.

-Нека каже дека не ја поддржува политиката на лаги, криминал и корупција и дали ќе ги врати изворните принципи на ВМРО-ДПМНЕ. Дали ќе каже дека Никола Груевски и тие околу него се она што цело време зборував „банда криминална“. Сето тоа се работи од кои ќе зависи дали ќе му ја дадеме поддршката, до тогаш немаме намера ниту куртоазна поддршка да дадеме. Доколку се дистанцира од таа политика, можеме да разговараме за наша соработка како две десничарски партии, рече тој.

Бошкоски ова го изјави за време на отворањето на нов партиски штаб во Македонски Брод.

Поврзани новости