Новиот гинеколог во Шутка го учи македонскиот јазик, во меѓувреме преведувач ќе и биде медицинската сестра

by fokus

По десет години жените во Шуто оризари конечно ќе добијат гинеколог. Од денеска повторно работи гинеколошката ординација во оваа Општина, а министерот за здравство, Арбен Таравари, ја претстави новата докторка – гинеколог, Вјолце Мбиара.

– Ветивме дека ќе најдеме решение, се зафативме со овој проблем и иако некои од новинарите се сомневаа дека гинекологот во Шутка навистина ќе почне со работа, еве денеска тоа сепак се оствари и амбулантата може да почне со работа – изјави министерот Таравари.

Докторката Вјолца Мбиара е специјалист-гинеколог со долгогодишно работно искуство, меѓу другото, и во американска болница во Албанија. Таа се уште не го зборува македонскиот јазик, но посетува курс и очекува за брзо време да го научи.

Во меѓувреме, во комуникацијата со пациентките ќе ѝ помогне медицинската сестра Неџибе Исмаили.

Во поликлиниката во Шуто оризари долго време гинеколошката ординација беше празна затоа што никој не се нафаќаше да работи во оваа општина. Жените имаа пристап до здравствени услуги од овој тип само поради привремените посети на гинеколози од други амбуланти, но тоа не го реши проблемот. Ваквата состојба резултираше и со зголемување на стапката на смртност кај доенчиња, коа кај ромските доенчиња е за 25 отсто повисока од националниот просек.

Амбулантата на Вјолца Мбиара ќе се снабдува со вода со помош на пумпи, затоа што се уште не е решен проблемот со водоводот во оваа Општина.

Поврзани новости