Екс министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште десетина кандидати за градоначалници за локалните избори, кои му ги предложи на Централниот комитет. Претходно, опозициската партија ги соопшти имињата на пет кандидати за градоначалници.

За Прилеп, актуелниот градоначалник Марјан Ристески.

За Брвеница, Стојан Тодоровски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

За Демир Капија актуелниот градоначалник Трајче Димитриев.

За Новаци Лазар Котевски, досегашниот градоначалник.

За општина Ѓорче Петров, екс-министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

За општина Гостивар, Дафина Стојановска.

За Тетово, Горан Манојловски, пратеник.

За Радовиш е предложен актуелниот градоначалник Сашко Николов.

За Вевчани, Светомир Угриновски.

Поврзани новости