464
Здруженијата на новинарите на Македонија и на Србија бараат министерот за правда во српската влада, Никола Селјаковиќ, да не дозволи екстрадирање на новинарот Зоран Божиновски во Македонија.
„ЗНМ и ЗНС се загрижени што Божиновски ја чека одлуката за екстрадиција во есктрадициониот притвор и по истекот на законскиот рок од четири месеци, како и поради обвинувањата за шпионирање и злосторничко здружување со кое го товари Македонија. Здруженијата стравуваат дека Божиновски ќе нема фер судење и истакнуваат дека и Србија, со евентуалната екстрадиција би се компромитирала пред меѓународните демократски институции“, стои во заедничкото соопштение.
Делегација од двете Здруженија во средата, 21 мај, го посетиле Божиновски во затворот во Нови Сад.