Гошев: Ѓорче Петров е производ на политиките на Груевски и Ахмети

by Фокус

Постојаното продлабочување на социјалниот јаз меѓу луѓето во вакво повеќеетничко и повеќерелигиско општество води кон социјална бомба во одредена точка, рече поранешниот министер и гувернер Петар Гошев, во вечерашното интервју во емисијата „Вин-вин“.

– Последните години Македонија си игра со теориите на крф и тло, а Ѓорге Петров е производ на тие теории – изјави Гошев, обвинувајќи ги владејачките партнери Никола Груевски и Али Ахмети дека негативно влијаат врз соживотот и со барањата за апсолутна поддршка за да биде ефикасни против другиот.

Според него, од 2006 година до денес трае третата декада на голем грабеж во милијарди, кога огромни јавни пари и големи јавни површини одат во мал број на луѓе, а институциите на системот всушност не постојат бидејќи се киднапирани од еден центар.

Поврзани новости