Иако претходно беше испратена покана до медиумите за следење на средбата помеѓу претседателот на Уставен суд Сали Мурати, и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, сепак, медиумите беа избркани од зградата на Уставниот суд, јавува ТВ 21.
Беше дозволено само снимање на неколку инсерти од средбата, по што обезбедувањето и вработените во Судот дрско им соопштија на новинарите дека тие не се организатори на настанот и снимањето во зградата на Уставен не е дозволено.
Иако медиумите замолија да останат во холот и просторијата предвидена за новинари во Судот, сепак, дрскоста од страна на вработените продолжи, и медиумите беа избркани надвор.
Инаку Уставниот суд во периодов е актуелен по иницијативата за преиспитување на уставноста на поништувањето на помилувањата од поранешниот претседател Иванов.