Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги отфрла, како што вели, заканувачките предупредувања на Јавното обвинителство дека објавувањето на матерјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон.
„Новинарите кои ќе дојдат до матерјали поврзани со информации за потенцијален судир на интереси, за погрешно информирање на јавноста преку изјави или постапки на службени лица, организации или власти, за неетично или незаконско однесување на функционери, за злосторства или сериозни прекршувања на закон имаат професионална обврска тоа да го објават. Тоа е суштината на фундаменталниот принцип на новинарството – информирање во јавен интерес и почитување на уставното право на јавноста да знае. Тоа е кредото на професијата безоглед што за тоа другите, вклучително и власта, мислат!“, велат од новинарскиот синдикат.