СОНК: Постигнавме договор околу барањата, штрајкот се прекинува

by Фокус 22:48
22:48

Откако МОН излезе со соопштение дека е постигнат договор со Синдикатот за образование, наука и култура, со свој став излегоа и од СОНК. Од таму тврдат дека на вонредна седница на која присуствувал министерот за образoвание Абдулаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски постигнат е договор во однос на барањата, но не се објаснува во детали што договориле за плати и за екстерното тестирање во делот со казните.

– По подолга, расправа Советот оцени дека постигнатиот договор, помеѓу СОНК и ресорните министерства по Барањата , кои беа причина за Генералниот штрајк, преставуваат прифатлив компромис и врз основа на тоа , Советот донесе Одлука Генералниот штрајк да биде прекинат во сите основни и средни училишта , како и во градинките. Тоа значи на 4-02-2015 година, редовно ќе се извршуваат работните обврски, согласно наставниот план и програма и работното време, согласно одлуките на секоја установа – се наведува во соопштението од СОНК.

- Advertisements -

Поврзани новости