Новинарскиот синдикат дава целосна поддршка на студентските протести во петок, како автентичен изблик на студентско самоорганизирање насочен против државниот испит во високото образование, кој власта се обидува да го наметне набрзина и без јавна дебата.
– Членовите на Студентскиот пленум не треба да се откажуваат од досегашниот начин на борба, мирно и аргументирано да ги соопштуваат ставовите, иако властите се оглушуваат на нивните аргументи и бегаат од соочувања со студентите.ССНМ ги повикува своите членови, новинари и медиумски работници, својата солидарност да ја искажат со тоа што ќе им се придружат на студентите и професорите кои ќе протестираат, а при информирањето ќе се придржуваат на професионалните принципи, ќе ја одбијат наметнатата пропаганда која се коси со професионалната етика и ќе се борат против цензурата и автоцензурата со која се соочуваат во своите редакции – се наведува во соопштението од ССНМ.