СДСМ: По залечениот Груевски, душевно се опоравува и неговиот адвокат

by Фокус

Дали откако се излечи “душевната болка“ на Никола Груевски со 50.000 евра, сега е успокоен и неговиот адвокат?- прашаа денеска од СДСМ.

Партијата посочи дека адвокатот Никола Додевски ќе биде ангажиран од државната компанија ЕЛЕМ, а за тоа, според договорот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки, за едногодишната услуга, ЕЛЕМ ќе му плати над 46.000 евра.

„Случајно или не, ова е слична сума за адвокатот, со 50-те илјади евра што ги доби Груевски.Интересно е што услов за склучување на договорот со ЕЛЕМ била најниска цена, имало пет понуди, но за постапката не била предвидена електронска аукција, туку зделката е договорена токму со адвокатот на Никола Груевски. Сега е уште појасно колку всушност била “тешка болката“ на Груевски, за случајот Македонска банка, што го објави претседателот на СДСМ и тоа го чинеше 50.000 евра. Поврзаноста на државните инстутуции, премиер, суд, државни компании, потврдува дека во Македонија нема држава и дека се е партија“ – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости