806
Новинарката од „Ал Џезира“, Милка Смилевска, на фејсбук објави дека за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата биле нападнати заедно со нејзиниот колега-снимател.
„Претходно ме праша дали сум од „Ал Џезира“ и тоа беше повод за нападот. Полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава. Јас нема да го тужам…Ако некој медиум не ви се допаѓа, не го гладајте или читајте, но не го напаѓајте физички“, порача Смилевска, објавувајќи видео од напаѓачот.