Одбор за промени во ВМРО: Во Тетово излегуваат повеќе луѓе отколку што денес собра Мицкоски

by Фокус

Вечерашниот дебакл на протестот е најдобар доказ дека Христијан Мицкоски нема никаква поддршка, неговиот авторитет е неповратно загубен, а натамошното узурпирање на функцијата само ја носи партијата во пропаст, велат од Иницијативниот одбор за промени во партијата, кој бара вонреден конгрес за промена на раководството.

„Само пред неколку дена граѓанската иницијатива ‘Доста е’ во Тетово собра неколку илјади граѓани на протести против покачената цена на струјата, а Мицкоски со целокупната партиска структура на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да мобилизира повеќе од 1.500 луѓе“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости