Битиќи најави платежни картички за самохрани родители и пензионери со ниски пензии

by Фокус

Четвртиот пакет економски мерки повторно предвидува платежни картички за категориите граѓани како самохраните родители и пензионерите со ниски пензии, за категориите кои не беа претходно опфатени, но ќе има и други таргетирани мерки за оние кои не можат без помош во третиот и четвртиот квартал, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на ТВ 24.

-Структурирањето на третиот пакет мерки покажа дека помогнавме каде што навистина беше потребно. Тоа ќе продолжи и со четвртиот пакет. И со него ќе покажеме дека сакаме секој еден денар на граѓанинот што се дава за даноци, да отиде каде што треба. И кај компаниите ќе има даночни ослободувања или одложени плаќања, како и директно субвенционирање трошоци, но не за 140.000 работни места – објасни Битиќи.

Поврзани новости