Новинарката Протугер стана тренер за личен развој

by fokus

Новинарката Ида Протугер-Вељковиќ отвори блог на тема Лајф коучинг. Таа по образование е психолог и реши своето знаење, но и искуство што и ја донесе професијата новинар, да ги прошири со нова дообука во Лајф коучинг (Life coaching and counceling) во Виена, Австрија.

Професијата Лајф коуч или како што се преведува на македонски, тренер за личен развој, помага на сите оние кои имаат потреба од професионално советување при важни одлуки, одредени предизвици, кризи или унапредување на личниот раст.

Протугер вели дека обуката за Лајф коучинг која таа која таа ја следи во Виена трае пет семестри и сега го завршува последниот.

-Обуката ни е за повеќе области: бизнис коучинг, организирање на семинари на различни теми, team building семинари, советување на парови, индивидуален коучинг. Мене лично пракасата ми покажува засега дека најмногу “ми лежи” индивидуалниот коучинг, односно разговор, појаснува Протугер.

Протугер- Вељковиќ, е допломиран психолог по образование, а работела како активен новинар и соработник во повеќе електронски и печатени медиуми, МИА, Канал 5, Дневник, Алфа, Граѓански, Либертас и Фокус.

Од 2015 година живее во Виена, Австрија каде го продолжи образованието со дообука во лајф коучинg професијата што трае 2,5 години. Сега е во финализирање на процесот на едукација и блогот го гледа како спој на страста за пишување, со темите на интерес со новите професионални предизвици.

Поврзани новости