Новинарите реагираа на односот на Караџовски, тој вели дека оставка од него може да бара само Филипче

by Frosina Fakova

Неколку новинари на денешната прес-конференција реагираа на односот на претседавачот со Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и го прашуваа дали чувствува лична и морална одговорност за големите бројки на заразени.

Караџовски беше дециден дека тој само претседава со Комисијата и му дава совети на министерот за здравство и дека неговите совети ги носи врз основа на стручност и професионалност. Вели дека не направил никакво кривично дело за да се чувствува одговорен и вели дека ако одлучи, Министерот за здравство може да го го разреши уште утре бидејќи тој го именувал.

Особено реакции имаше за тоа што Македонија според листата на Форбс е на 103 место, односно е една од најнебезбедните држави во регионот.

 

Поврзани новости