405
Финансиската полиција во соработка со Интерпол истражува два нови случаи на злоупотреба на европските фондови во Македонија.
Станува збор за пари од ИПАРД-програмата, a наводно фабрики и земјоделски комбинати набавувале опрема која не е согласно европските стандарди.
Штетата која е нанесена преку измамите се проценува на 200.000 евра.
Инаку, лошото планирање и искористување на средствата од европските фондови беа една од причините поради кои Европската комисија неодамна суспендираше 27,1 милиони евра од ИПА-програмата за Македонија.