Законот за СЈО пред Уставен суд дури наесен

by fokus

Иницијативата за оценка на уставноста на Законот за специјално јавно обвинителство евентуално би се нашла на дневен ред на судот наесен, јави Мета.

Уставниот суд утре ќе ја одржи последната седница пред летните одмори, а следната седница ќе биде по 1 септември, кога судиите се враќаат во полн состав и ќе продолжат со работа.

Оценување на уставноста на СЈО беше главно барање на Шарената револуција, но и на СДСМ кои ја замрзнаа работата во Собранието се додека Уставниот суд не се произнесе за оваа иницијатива, поднесена од пред осум месеци.

Поврзани новости