Распит на алфите кои го апсеа Љубе Бошкоски

by fokus

Шестмината осомничени во случајот „Тортура“, меѓу кои и командантот на специјалната единица „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки, кои го апсеа лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, во четврток треба да се појават на распит во Основниот суд Скопје 1.

Распитот на осомничени кој беше закажан минатата недела беше одложен бидејќи осомничените побарале дополнително време за увид во доказите од предметот.

Како што соопштија од Основниот суд Скопје 1, увидот во предметот не им бил овозможен во Специјалното јавно обвинителство, но судијата на претходна постапка го дозволил.

Случајот „Тортура“ СЈО го отвори на 28 март годинава, поради нечовечко апсење и употреба на прекумерна сила врз поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Првоосомничен во случајот е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, но за него Обвинителството не побара ниту притвор, ниту мерки за претпазливост.

Поврзани новости