Нови обвинувања на „Ла Верита“ за „Рекет“ за вмешаност на Заев и Русковска, Обвинителство најавува демант!

by Fokus

Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави нови информации за случајот „Рекет“ и вмешаност на премиерот Зоран Заев и обвинителката Вилма Русковска.

Според информациите на весникот, премиерот барал до Русковска да се одблокираат 750-те илјади евра на градежниот бизнисмен Силјан Мицевски.

„Во тоа време не ни бев шефица на СЈО, туку Гордана Смаковска беше в.д.“, кратко за Фокус изјави Русковска.

Неофицијално дознаваме дека парите биле одблокирани седум месеци пред Русковска да стане шеф на обвинителство.

Поврзани новости