Нови грантови од 750.000 евра за развој на туризмот во Западен Балкан

by fokus

Советот за регионална соработка како дел од својот проект за развој и промоција на туризмот, финансиран од Европската унија, упати втор повик за доставување проекти за развој на туристички атракции во регионот на Западен Балкан. Вкупната вредност на грантовите изнесува 1,62 милиони евра, а во рамки на вториот циклус на располагање се 750.000 евра за реализација на околу 14 пилот проекти од поединечна вредност до 54.000 евра.

Целта на програмата за доделување неповратни финансиски средства на Советот за регионална соработка е развој и промоција на заеднички регионални понуди за културолошки и авантуристички туризам во светот, носење на голем број посетители во земјите од Западен Балкан, продолжување на нивниот престој и зголемување на приходите и вработувањето во туризмот.

За таа цел, средствата кои ќе бидат доделени во рамки на вториот повик ќе се користат за подобрување на туристичката инфраструктура и услуги, долж три нови регионални рути на културолошкиот туризам, на чиј развој се работи во моментов.

– Регионот е посилен заедно. Ова се однесува на туризмот, како и на било која друга област. Разликата е што туризмот има предност на побрз раст во споредба со другите индустрии. Туризмот, имено, веќе изнесува 14 отсто од вработеноста во Западен Балкан. Минатата година повеќе од 12 милиони туристи го посетија регионот. Ова е токму причината зошто ние интензивно работиме на развој на заедничката регионална туристичка понуда и дополнување на напорите кои ги вложуваат владите, особено во културолошкиот и авантуристичкиот туризам, изјави Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Советот за регионална соработка.

Поврзани новости