Нови девет лекари и 12 медицински сестри вработени во кумановската болница

by Frosina Fakova

Нови девет лекари и 12 медицински сестри од денеска почнуваат со работа во Oпштата болница Куманово, информираа надлежните од јавната здравствена установа.
Поголем дел од нив ќе дежураат во Ургентниот центар, една лекарка ќе биде ангажирана на Инфективното одделение и една на Одделението за физикална терапија.

-Здравствениот персонал конкурираше на огласот од 24 јануари, по што следуваше жалбена постапка, па потоа се распушти Собранието. По почнувањето на состојбата со пандемијата, од Владата пристигна известување дека стопираните конкурси можат да се продолжат. Комисија ги отфрли приговорите, така што од денеска здравствениот персонал склучи договор на определено време со установата, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

Вчера, беше укинат и посебниот режим на работа во Одделението за гинекологија и акушерство. Над 50 здравствени работници од кумановската болница од вкупно 70 позитивни на ковид 19, се вратени на работа.

Поврзани новости