Нови барокни фасади во Скопје од речиси 2 милиони евра

by fokus

Продолжува барокната инвазија во центарот на Скопје. Со последниот договор меѓу Град Скопје и фирмите „Пелагонија“ и „Бауер БГ“, склучен кон средината на јули, започнува менувањето на шест згради на улица „Македонија“.

За измена  на овие фасади Град Скопје издвои 1,75 милиони евра.

Градските власти веќе договориле „Пелагонија“ од Гостивар да ја рефасадира зградата која се наоѓа на улица „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“. Фасадата ќе се работи по замисла на Жарко Чаушевски, еден од најзастапените автори во проектот „Скопје 2014“.

Над милион евра се предвидени за врз зградата да се постават неколку скулптури на маж, жена, скулптура на воин, глава на лав, скулптура во вид на пехар, како и скулптури со цветни мотиви.

Од завчера, пак, и официјално е започната постапка за барокизација и на „Палома бјанка“. Градските власти распишаа оглас за изработка на основен проект за реконструкција на фасадата. Проценето е дека за проектот ќе треба да се плати околу 7.000 евра.

Инаку, за оваа година, официјално, во буџетот на Град Скопје за реконструкција на фасади има наменето околу 5,7 милиони евра

Поврзани новости