Нови 889 заразени, седум починати во изминативе три дена

by fokus

Во последните три дена од вкупно 2.095 направени тестови регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 390, Битола – 75, Прилеп – 43, Кавадарци – 40, Охрид – 37, Куманово – 34, Гостивар – 29, Велес и Неготино – по 24, Кичево – 23, Тетово и Штип – по 22, Гевгелија – 17, Струмица – 16, Струга и Делчево – по 15, Кочани – 12, Радовиш – 7, Крива Паланка, Берово и Виница – по 6, Ресен – 5, Дебар, Кратово и Крушево – по 3, Свети Николе, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (889), регистрирани се 199 реинфекции.

Регистрирани сe 1.228 оздравени пациенти од: Скопје – 499, Битола – 98, Охрид – 71, Кавадраци – 69, Тетово – 56, Куманово – 53, Гостивар – 46, Струга – 44, Прилеп – 40, Струмица – 33, Кочани – 23, Велес и Гевгелија – по 20, Неготино – 19, Штип – 18, Ресен и Дебар – по 16, Радовиш – 13, Кратово – 12, Берово – 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Кичево – 8, Свети Николе – 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Делчево, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (12.08 – 14.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: 3 починати лица од Скопје (81г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Велес (85г), Охрид (82г), Струга (72г) и Крива Паланка (91г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Радовиш (76г), Кочани (70г) и Струмица (81г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 28.07 до 01.08.2022година.

Направени се 2.095 тестови преку: ИЈЗ-214, ЦЈЗ Скопје-115, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-30, ЦЈЗ Куманово-51, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–131, Жан Митрев (Филип Втори)-42, Авицена-40, Биотек-77, Систина-62, лабораторија Лаор-13, Синлаб-15, Ремедика-5, Плодност-17, Генеа-11, Никоб Лаб-77, ВФВ Медикал-9, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.027.

Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи изнесува 3.559.

Поврзани новости