Македонските универзитети ги нема на Шангајската листа

by fokus

Македонските универзитети ги нема на новото Академско рангирање на Универзитетите во светот, односно на Шангајската листа на којашто се најдоа 1.000 високообразовни институции.

На најновото рангирање на универзитетите во светот во 2022 година на Шангајската листа, во првите сто се  39 од Соединетите Американски Држави.

Прв на листата е Универзитетот Харвард и, освен два британски – Универзитетот Кембриџ на четврто место и Оксфордскиот на седмо, првите 15 места на листата ги држат американски универзитети.

Кина има девет универзитети рангирани во првите сто, Германија четири, а меѓу стоте најдобри  се и универзитети од Франција, Шведска, Данска, Швајцарија Израел, Јапонија, Австралија, Канада…

Земјите од регионот имаат универзитети рангирани во првите илјада на листата – во рангот универзитети меѓу 301 и 400 место е универзитет во Атина, универзитетите во Белград,  Загреб и Љубљана се од 401 до 500 место, а со ранг меѓу 901 и 1000 место е Универзитетот во Нови Сад.

Поврзани новости