359
Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа на 887 странски државјани им издала потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Како што информира денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан, по кои следат Сиријa и Ирак.
Од почетокот на годинава до денес издадени се потврди на вкупно 36.804 странски државјани, од кои 15.490 се од машки пол, 7.917 од женски и 13.296 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител.