Заев на средба со Острени

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ресторанот Пелистер во центарот на Скопје се сретна со лидерот на Унитети, Гзим Острени, кој ја формираше оваа партија откако неодамна се отцепи од ДУИ.

Инаку, по поддршката што ДУИ и ДПА му ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ да спроведување предвремени избори на 24 април, новите албански опозициски непарламентарни партии застанаа на иста линија со социјалдемократите дека ќе ги бојкотираат изборите ако претходно не се прочисти избирачкиот список, не се регулира медиумската сфера итн.

Покрај Унитети, таков став промовираше сојузот на Движењето за реформи во ДПА и НДП и фронтот на БЕСА и ПДП, како и многу албански интелектуалци.

Поврзани новости