ДИК ќе добие 8 милиони евра

by Фокус

Финасиските потреби на реформирана Државна изборна комисија за оваа година, која ќе биде изборна, изнесуваат 8 милиони евра, при што најголемиот дел ќе бидат наменети за подготовка и реализација на предвремените парламентарни избори.

Пoкрај ова, ДИК едногласно усвои одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи, Народна банка, Катастар, Министерството за труд и социјална политика…

Министерот за финансии Зоран Ставрески најави дека средства ќе бидат одобрени за сите кадровски и други  потреби на Комисијата.

Поврзани новости