Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи со КОВИД-19 и 87 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 18 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително е регистрирано едно починато лице од Демир Капија (74г),починато во болнички услови. Лицето е починато на 29.04.2022 година, соопшти Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 2.043.694 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 311.199, бројот на оздравени пациенти е 301.361, на починати е 9.297, а на активни случаи изнесува 541.