Нови 640 заразени со корона, за еден помалку од вчерашниот рекорд

by fokus

Во последните 24 часа се направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-272, Куманово-43, Дебар-5, Штип-17, Прилеп-41, Тетово-41, Струга-4, Велес-11, Битола-10, Охрид-24, Кавадарци-41, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-20, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-3, Свети Николе-7, Кичево-17, Ресен-4, Неготино-10, соопшти Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од: Скопје-71, Куманово-5 Дебар-1, Штип-7, Тетово-10, Струга-4, Велес-2, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, Кочани-6, Берово-3, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Неготино-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

Поврзани новости