Османи: Изјавата на Каракачанов е дел од предизборната кампања на соседна Бугарија

by fokus

Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на соседна Република Бугарија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање дали Владата ќе има официјална реакција на последната изјава на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, кој се закани дека со инжинерски полк ќе дојде во Македонија и ќе ги урива спомениците на кои пишува бугарски окупатор.

Османи рече дека токму нашите реакции на оваа изјава имаат интенција да бидат искористени во една предизборна кампања во соседна Бугарија.

– Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на соседна Република Бугарија, кој што има интенција, токму со оваа изјава, за потоа нашите реакции да се искористат во рамки на една предизборна кампања. Не мислам дека ова ниту нам ни служи, ниту им служи на меѓусоседските односи и она што сакаме да го постигнеме заедно како две земји, изјави Османи.

Поврзани новости