770
Министерството за здравство информира дека направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на ковид 19.
Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 245, Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и Гевгелија – по 9, Свети Николе – 8, Виница и Валандово – по 6, Струга и Ресен – по 5, Кратово – 4, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Делчево и Демир Хисар – по 2, Неготино, Дебар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.
Досега, во земјата се направени вкупно 1.265.512 тестирања, а вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 188.635.