СДСМ: Мицкоски е сигурен губитник, не му помага брифинг

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ е сигурен губитник на изборите, тоа преку ноќ не се менува со брифинг на Христијан Мицкоски, реагираат од СДСМ, откако Мицкоски денеска на брифинг со новинарите најави победа на претстојните локални избори.

„Ова е тактиката која му ја смисли на Мицкоски неговиот ментор Никола Груевски во Будимпешта, како вовед во борбата за тронот после поразот на локалните избори. Мицкоски да не го признава поразот со правдање дека некој нешто наводно му украл. СДСМ е сигурен победник на изборите и нема намера да се меша во внатрешните пресметки во ВМРО-ДПМНЕ. Ако решиле да живеат во лаги, заблуди и манипулации наменети за нивните членови, тоа е нивна одлука“, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата на Зоран Заев истакнуваат дека коалицијата “Најдоброто за вашата општина” е апсолутен фаворит за нова изборна победа.

Поврзани новости