Рубен, Чоревски и Џидров добитници на наградите за животно дело на „Војдан Черодрински“

by Fokus

Актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и сценографот Крсте С. Џидров се годинашни добитници на наградата за животно дело на 55. Македонски театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржи од 1 до 8 октомври во Прилеп.

Овој култен фестивал се отвора на 1 октомври во ЦК „Марко Цепенков“  со доделувањето на наградите за животно дело и со првата претстава во конкуренцијата за награди, „Мој термин“ на Македонскиот народен театар, во режија на Синиша Евтимов.

Поради ситуацијата со корона вирусот, минатата година овој фестивал воопшто не се одржа.

Фото – МНТ

Поврзани новости