Нови 516 смртни случаи од корона вирусот во Франција

by fokus

Во последните 24 часа во Франција се регистрирани 516 нови смртни случаи од Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата на први март, во Франција починале најмалку 21 856 лица. И покрај се уште големиот број на жртви, бројот на пациентите кои се хоспитализирани на интензивна нега продолжува да се намалува петнаесет дена по ред.

Вечерва во француските болници се згрижени 28.219 заразени со Ковид-19, од кои 5.053 се во тешка здравствена состојба и се наоѓаат на интензивна нега.

Поврзани новости