Нови 5 случаи на делта-сојот во Грција

by fokus

На 54 се зголеми бројот на регистрирани случаи на делта-сојот во Грција, откако Националната организација за јавно здравје денеска соопшти дека се потврдени 25 нови случаи.

Од анализиран 1.201 позитивен случај во периодот од 31 март до 21 јуни 2021 година, 790 се од алфа-сојот, 25 се делта и шест бета, додека пак 340 се под мониторинг.

Од 54-те случаи на делта-мутацијата, првпат откриена во Индија, повеќе од половина, односно 30 се во градот Ираклио на островот Крит, а од кои 14 се поврзани по проверката на контактите на веќе познат случај.

Поврзани новости