722
Во последните 24 часа, направени се 2.900 тестирања, а регистриран е 421 нов случај на ковид 19, информира Министерството за здравство.
Притоа, ситуацијата по градови е следна:Скопје – 211, Куманово – 32, Штип – 26, Велес – 25, Кавадарци – 19, Кочани – 15, Прилеп – 13, Охрид – 12, Македонска Каменица – 9, Гевгелија – 7, Струмица, Кичево и Крива Паланка – по 6, Свети Николе – 5, Гостивар – 4, Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3, Кратово и Богданци – по 2, Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.
Досега, во земјата се направени вкупно 1.333.204 тестирања на ковид 19, а вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 195.963 лица.