Нови 416 заразени со Ковид-19, седум починати, 278 оздравени пациенти

by fokus

Во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1, соопшти Министерството за здравство.

Пријавени се вкупно седум починати пациенти од кои тројца од Скопје (61г, 66г, 86г), двајца од Струга (53г и 73г) и по еден од Охрид (69г) и Кавадарци (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 278 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Охрид – 20, Кавадарци – 16, Велес и Тетово – по 14, Куманово – 12, Прилеп и Штип – по 7, Струга – 6, Битола и Струмица – по 5, Кичево – 4, Гостивар, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 3, Гевгелија, Радовиш, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Свети Николе и Ресен – по 1.

Направените 2705 теста се преку: ИЈЗ-488, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-204, Биотек-589, Клиника „Жан Митрев“-159, Систина-214, лабораторија Лаор–146, МАНУ-84, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Синлаб-52, Ремедика-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 567, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ „8 Септември“ – 6.

Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.

Поврзани новости