805
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 4.751 тестирања, а регистрирани се 409 нови случаи на ковид 19.
Притоа, ситуацијата по градови е следна: Скопје – 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8, Куманово и Богданци – по 7, Кочани, Струга и Ресен – по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Гостивар, Делчево и Валандово – по 2, Неготино, Радовиш и Виница – по 1.
Истовремено, регистрирани се 289 оздравени пациенти, а 9 лица починаа, сите во болнички услови.