Нови 407 заразени со Ковид-19, седум починати

by fokus

Во последните 24 часа се направени 2.540 тестирања, а регистрирани се 407 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 187, Кавадарци – 35, Велес – 28, Куманово – 18, Охрид – 18, Тетово – 17, Струга – 16, Делчево – 16, Прилеп – 12, Демир Капија – 7, Струмица – 5, Радовиш – 5, Гостивар – 4, Битола – 4, Кичево – 4, Гевгелија – 4, Неготино – 4, Крива Паланка – 4, Крушево – 4, Штип – 3, Кочани – 3, Кратово – 3, Свети Николе – 1, Дебар – 1, Ресен – 1, Берово – 1, Виница – 1 и Демир Хисар – 1, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Инситутот за јавно здравје.

Тоа значи дека 16 проценти од тестираните пациенти, биле позитивни на Ковид-19.

Регистрирани се 399 оздравени пациенти од: Скопје – 242, Тетово – 22, Куманово – 20, Прилеп – 17, Битола – 15, Штип – 10, Велес – 9, Радовиш – 9, Гостивар – 9, Струмица – 8, Крива Паланка – 6, Кичево – 5, Гевгелија – 4, Пробиштип – 4, Дебар – 3, Богданци – 3, Кочани – 2, Свети Николе – 2, Валандово – 2, Кавадарци – 1, Струга – 1, Неготино – 1, Кратово – 1, Ресен – 1, Виница – 1 и Демир Хисар – 1.

Починати се седум лица, два пациенти од Скопје (61 и 91г) и од Струмица (63 и 73г), по еден од Тетово (76г), Штип (59г), и Кочани (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направените 2.540 теста се преку: ИЈЗ-440, Биотек-300, Авицена-248, Систина-216, Жан Митрев (Филип Втори)-150, МАНУ-113, Лаор лабораторија –75, ЦЈЗ Скопје-65, Синлаб-55, ЦЈЗ Битола-48, Ремедика-30, лабораторија болница Козле-18, Инфективна клиника-3, Судска медицина-1, ГАК-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)-772, УК Пулмологија со алергологија–6, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 459.559 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.160, бројката на оздравени пациенти е 82.520, на починати е 2.873, а бројот на активни случаи изнесува 7.767.

Поврзани новости