Нови 406 позитивни од над 3 илјади тестирања

by Фокус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на ковид 19.

Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Прилеп и Гевгелија – по 11, Кочани – 10, Струмица – 9, Кратово – 7, Тетово, Охрид и Струга – по 6, Виница – 5, Демир Хисар – 4, Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Кичево, Ресен, Дебар и Валандово – по 1.

Досега, во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на ковид 19, а вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 193.458.

Поврзани новости