834
Во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 14, Скопје – 12, Гостивар – 5, Куманово – 4, Кичево – 2, Битола и Валандово – по 1, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 6, Скопје, Гостивар и Дебар – по 2.
Не се регистрирани починати пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.124 бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.
Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има 118 активни случаи, во Тетово, 94, а во Куманово 36.